Откако прексиноќа беше прободен со нож од две момчиња, полицискиот службеник Филип Филиповски е во стабилна состојба на КАРИЛ, пренесува „Телма“.
Според телевизијата, еден од напаѓачите е син на Ѕвонко Цветковски, полициски советник во Министерството за внатрешни работи.
Цветковски е поранешен градоначалник на Петровец, а беше и кандидат на СДСМ за истата функција на последните локални избори.
МВР информира, пренесува „Телма“, дека напаѓачите се обезбедени, од нив е земена изјава, по што се пуштени. Истрагата е во тек.