Селекторот на Англија, Герет Саутгејт откри дека во неговата тренерска кариера се инспирирал од Сер Алекс Фергусон и неговата вештина да го извлекува најдоброто од младите футболсити.
Легендарниот стратег, кој го водеше Манчестер Јунајтед, се грижеше неговите таленти да поминуваат одредено време на теренот, а нивните јавни настапи да се ограничени.
– Секогаш мислам на Сер Алекс и Рајан Гигс. Тој го направи тоа толку добро, затоа и постигнаа успеси. Мислам дека е збир од многу нешта: колку време ги изложуваме играчите пред публиката, колку време им доделуваме промотивни настапи. Мораме да мислиме за тоа цело време, бидејќи многу е лесно да ги оставиме да уживаат во овие моменти, а тие навистина уживаат, но во исто време треба да има баланс. Треба да сме сигурни дека ќе има баланс помеѓу нас и клубот, што е важно за фудбалерите – изјави селекторот на Англија, цитиран од „Скај Спортс“.
Во тимот на Англија на „Вембли“ за првиот квалификациски дуел за ЕП 2020, Саутгејт имаше шестмина фудбалери под 24 години – Рахим Стирлинг, Деле Али, Бен Чилвел, Деклан Рајс, Џејдан Санчо и Калум Хадсон-Одој.
Покрај тоа, во тимот може да влезат уште, ако се здрави – Маркус Рашфорд, Лук Шо, Џон Стоунс, Трент Александар-Арнолд и Џо Гомез.