На 92-годишна возраст почина поранешниот израелски министер за пензионерски работи и агент на Мосад, Рафи Ејтан, кој раководеше се операцијата за апсење на озлогласениот нацистички воен злосторник Адолф Ајхман.
Како што објавија израелските медиуми, Ејтан починал во болница во Тел Авив.
Во реакција на смртта на Ејтан, израелскиот претседател Рувен Ривлин изјави дека Израел загубил „храбар борец, за чиј придонес за израелската безбедност ќе учат идните генерации“.
Ејтан во 1960 година раководеше со операцијата на Мосад за апсење на „архитектот на Холокустот“, Ајхман, кој во тоа време живееше во Аргентина под лажен идентитет.
ФОТО: АП / Курир.рс