Деветнаесетгодишник со нож избодел 25-годишник во Лозница, пренесуваат српските медиуми.
Настанот се случил утрово околу 3.30 часот, а како што наведуваат, пред да се случи нападот, двајцата се расправале.
Тинејџерот го избодел во градите нападнатиот, кој завршил во болница со тешки телесни повреди.
Осомничениот побегнал од местото на настанот, но полицијата брзо го идентификувала и пронашла.