Дваесет и шестгодишник се здобил со тешки телесни повреди, откако со возило „сеат леон“ излетал од коловозот на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Настанот е пријавен утрово во 04.00 часот. Возачот бил пренесен во Клиничката болница во Куманово – велат оттаму.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи
на целосно расчистување на случајот.