Девет часа трае битката со огнот кај росоманското село Манастирец, во моментов 30 луѓе на терен се борат со пламените јазици. Пожарникари и работници од „Македонски шуми”.
Од Територијалната противпожарна единица рекоа за Плусинфо дека веќе се одредени дежурства за оние кои ќе бидат на лице место и во текот на ноќта, а утре кон екипите за гаснење ќе се приклучат и 15 работници од комуналното претпријатие.
Оттаму нагласија дека единицата е целосно мобилизирана и во гаснењето учествуваат и пожарникари кои не беа на смена, но дојдоа да им помогнат на колегите но и на кавадарчани, зашто денеска цело Кавадарци е во дим и се чувствува непријатна миризба.