Писмото на Исламската верска заедница (ИВЗ) е уцена. Владата е подготвена на дијалог, но не прифаќаат уцени, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериознен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого – изјави Спасовски.
ИВЗ вчера упати писмо до Владата во кое укажува на „бавна, селективна и дискриминаторска денационализација на вакуфскиот имот на штета на ИВЗ”. Во писмото се наведуваат и забелешки на сметка на институциите „кои ја попречуваат во нејзината грижа и секојдневна активност за одржување на верските објекти”.
ИВЗ ѝ даде рок од 10 дена на Владата за да најде решение за проблемите.