Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако во текот на ноќта во притвор беа вратени Митко Чавков и уште четворица други обвинети за насилството од 27 април.
„Судот мора да пронајде сила и да се ослободи од стегите на власта и да суди во корист на правото. Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот. Обвинителството мора да ги гони вистинските криминалци во Македонија од кои дел се наоѓаат на Илинденска број 2, наместо да ги гони патриотите и уставобранителите“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата, исто така, прашуваат што се сменило во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот. Реагираат дека притворите следуваат за да биде покриено сведочењето во судот на струмичкиот бизнисмен за барањето поткуп од страна на Заев.