СДСМ: Што има против ВМРО-ДПМНЕ да се вработуваат млади лекари

Прво тврдат дека доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места За нови млади лекари кои решиле да останат во државата, велат од СДСМ.

726

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации во врска со доделување лиценци на млади доктори, тврди СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која беше презентирана информација дека близок роднина на Хари Локвенец добил концесија во поликлиниката „Букурешт“.

– Процесот за доделување лиценци за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува е спроведен транспарентно со почитување на сите законски процедури за доделување на концесија што лесно може да се провери. Концесиите се доделени со одлука од Управен одбор на Здравствен дом Скопје и решение од Минитерствот за здравство – велат од СДСМ.

СДСМ прашува што има против ВМРО-ДПМНЕ да се вработуваат млади лекари во јавното здравство?

-ВМРО-ДПМНЕ е конфузна. Прво тврдат дека доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места За нови млади лекари кои решиле да останат во државата – велат од СДСМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...