Жител на село Кадино ноќеска е повреден во тепачка во кафеана на улицата 532 во селото Марино.
Полицијата соопшти дека се степале Ф.Ф. (27) од с.Кадино од една страна и А.Ц. и Ј.Ц. од друга страна, при што Ф.Ф. бил прободен со нож.
Повредениот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а А.Ц и Ј.Ц се приведени во полициска станица.
Се работи на расчистување на случајот.