Традиционалната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ годинава по 23-ти пат ги рогласува најуспешните 10 жени менаџерки за 2018 година.
Во годинашниот избор во топ 10-те најуспешни менаџерки, информира агенцијата „Марили“ која е организатор на манифестацијата, е и првата жена полковник, командант на Воено-медицински центар – Скопје, Ирена Минева.
Годинашни лауреатки се: Даниела Адемоска, сопственик и генерален менаџер во Double Tree by Hilton – Скопје, Наташа Ангеловска, генерален менаџер на Тродат-Тромак – Скопје, Маја Ацески, продукциски и извршен менаџер на „Златекс“ – Скопје, Ивана Ѓоргиевска Матевска, оперативен директор на ХАСЕЛТ – Скопје, Марија Секуловска Митревска, генерален менаџер на „Бага Фоод“ – Битола, Даниела Карадаков, директор на Бизнис-академија Смилевски (БАС) – Скопје, Јасна Ажиевска Петрушева, административен извршен директор на Мермерен комбинат АД Прилеп – Прилеп, Викторија Рафајловска, генерален менаџер на „Викторија Боб ДОО“ – Гостивар и Нина Шерифовска, извршен директор на „Парк резиденс“ – Скопје и 10 Ирена Минева, полковник – командант на Воено-медицински центар – Скопје, АРМ.
Манифестацијата ја афирмира жената во бизнисот како успешен менаџер и го потврдува развојот на женското менаџерство во оваа долга традиција, а истовремено претставува и поттик за младите генерации образовани жени.
Агенцијата „Марили“ и годинава петти пат ќе го организира тематскиот ден „Дама-да-Здравјето и убавината во функција на современата жена“.
Тематскиот ден под слоганот „Дама-да-Донира“ ќе се одржи на 30 март во Домот на АРМ и годинава има хуманитарен карактер. Средствата од секоја купена влезница за тематскиот ден ќе бидат наменети за Специјалниот завод во Демир Капија, што е поддржано од Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска.
Прогласувањето на најуспешните менаџерки ќе биде на 28 март.