Пожарникари спасија гулаб заглавен со ногата во ќеса на дрво во Кавадарци

1057

Пожарникари спасија гулаб замотан со ногата во најлонска ќеса, заглавен на високо дрво пред зграда во Кавадарци. За проблемот со птицата алармирало семејството Дишлиевски.

– Мојата ќерка Галина која има пет години, прва примети од терасата дека има заглавен гулаб на дрво пред зграда  и посака да го спасиме, но не можевме ништо да направиме, поради тоа што беше многу високо. Се јавив во Противпожарната во Кавадарци. Оттаму дојдоа и го спасија гулабот, кој беше замотан со најлонско ќесе на ногата, за МИА појасни таткото Давор.

Гулабот бил заглавен кај Силекс зградите, Ваташа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...