Свештеник избоден на миса во Канада, напаѓачот е уапсен

373

Католички свештеник е избоден пред десетина верници за време на утринска миса во црквата Свети Јосип во Монтреал во Канада.

Локалната полиција соопшти дека утрово околу 8:40 часот по локално време излегла на лице место и дека обезбедувањето веќе го имало совладано и задржано осомничениот за нападот.

Во полицискиот извештај се наведува дека нападнатиот свештеник Клод Гро претрпел полесни повреди на горниот дел од телото и оти е однесен во болница.

Сѐ уште не се познати мотивите за нападот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...