Јакимовски во куќен притвор, а на телефон само со дозвола од судот

584
20151019 Monday 1425 Stevcho Jakimovski Stevco

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски останува во куќен притвор и му се забранува комуникација со лица опфатени во кривичнно-правниот настан.

– Постапувајќи по жалба на одбраната и обвинетиот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција за С.Ј. ја одби жалбата, ја потврди мерката куќен притвор и дополнително му определи мерки и тоа забрана за комуникација со лица опфатени со кривично-правниот настан и забрана за употреба на средства за комуникација без дозвола на судот, соопштија од Кривичниот суд за МИА.

За В.С. и Т. Ѓ. Кривичниот совет ги потврдил решенијата во целост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...