Не е во план поскапување на водата, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, освен во делот кога ќе се дојде до имплементација на пречистителната станица затоа што согласно на европската регулатива, ќе мора да има посебна ставка за тоа.
– Но тоа е некаде во 2023 година. Но и тоа поскапување, ќе биде инвестиција на секој од нас, во здрава животна средина – додаде Шилегов.