Градежната комора при Сојузот на стопански комори нема да ја повлече иницијативата поднесена на Уставниот суд оценување на уставноста на мораториумот за запирање на градба во општина Центар оти тој не е по закон и устав, изјави денеска Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора про Сојузот на стопански комори.
Уставниот суд вчера донесе донесе времена мерка до конечна одлука за целосно укинување на мораториумот за градба во Општина Центар, но градоначалникот на општината Саша Богдановиќ побара Уставниот суд да ја преиспита одлуката.
– Иницијативата е резултат на состојбата во која ние за 15 месеци не успеавме да оствариме соработка со општинските власти и да го кажеме нашето мислење оти во Уставот нема можност за мораториум. Мислам дека само со почитување на законите и со соработка може да се дојде до решение од кое ќе бидат задоволни сите страни.Секој закон престанува да важи со носење на нов закон, секој закон може да се измени и дополни во Собрание. Тоа што значи генерален урбанистички план е устав во секторот, а тоа што значи детален урбанистички план е закон во градежништвото- рече Јаќимовски,
Градежните компании, додаде тој, нема да градат додека не се заокружи случајот.
– Нема насила да градиме, и ако се дојде до куса рамка да се донесат квалитетни ДУП-ови во кои ќе бидат вклучени сите засеганти страни има можност да се вклучат сите заинтересирани страни може да почекаме – рече Јаќимовски.
Тој забележа дека во овој случај станува збор за „урбана мафија“, а не за „градежна мафија“, оти градежниците не ги носат гернералниот и деталниот урбанистички план, туку општините.