Баба уби дете среде улица во Швајцарија

2495

Седумдесет и петгодишна жена, среде улица, со нож смртно го повредила седумгодишниот Мегдим Л., кој се враќал дома од училиште, во Базел, Швајцарија. Жената со нож го избодела детето и го оставила да лежи во крв на тротоарот.

Учителка го пронашла повреденото момче и повикала итна помош, но лекарите не успеале да му го спасат животот на детето.

Жената, која е швајцарски државјанин, кусо време по злосторството самата се пријавила во полиција.

Мајката на детето секој ден го земала од училиште, но тој ден останала дома бидејќи помалото дете ѝ било болно.

Не се познати мотивите за ова злосторство.

Родителите на Мегдим од Липљан, Косово, се доселиле Базел, Швајцарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...