Северина ги откажува концертите, а ги обвинува организаторите, еве што ѝ порачаа збеснатите фанови ФОТО

Следувале коментарите на налутените обожаватели: „Никогаш повеќе нема да одам на концерт на Северина“, „И да ми подарат карта за концерт на Северина нема да одам“, итн...

1520
ФОТО: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Хрватската пејачка Северина Којиќ ги разочара обожавателите со откажување на концертот во Доња Стубица на 8 март поради, наводно, технички и организациски околности, пренесува порталот „Свет.рс“.

Пејачката сега откажа уште еден закажан концерт, обраќајќи им се на обожавателите на социјалните мрежи и соопштвајќи им ја веста за откажувањето.
Северина со овој потег ги разочара фановите кои сметаа дека по првобитно откажаниот настап ќе успеат да се забавуваат на следниот, пишува „24сата. хр“.

– Мили мои, иако многу ме радуваше договорениот концерт, поради проблемите настанати помеѓу организаторите кои го договараа, за жал, морам да ве информирам дека истиот е откажан. Верувам дека, сепак, брзо ќе се видиме во некоја друга прилика“, се обидела Северина да се оправда на Фејсбук.

Поп-пејачката вторпат ги разочара обожавателите кои се надеваа дека овојпат пејачката ќе ги испочитува и дека ќе настапи како што е договорено.
„А, што е со купените влезници? Навистина, ова е безобразие!“, Двапати се радуваш, очекуваш, планираш и потоа се разочаруваш“, порачаа дел од разочараните обожаватели што планирале да дојдат на нејзиниот концерт.
„Иако сакам да ве слушам, морам да признаам дека покрај разочарувањето сум малку и лута. Купивме карти за концертот во Стубица кој е одложен поради „технички“ причини и е поместен за овој, па со нетрпение се радувавме на овој концерт со одложување од месец и пол и пак, ни овој нема да се одржи. Не е баш професионално“, гласи друг коментар на оваа објава на Северина.

Следувале и коментарите: „Никогаш повеќе нема да одам на концерт на Северина“, „И да ми подарат карта за концерт на Северина нема да одам“, итн…

Пејачката, неодамна, ја прекина 17-годишната соработка со менаџерот Томица Петровиќ, па стапи во контакт со Душан Јунгер и почна преговори со него.

– Ние имаме соработувано во минатото. Ми се јави, но ништо конкретно не договоривме. Разговаравме да се сретнеме и да видиме какви се можностите и барањата за потенцијална соработка – изјавил Јунгер.

Според шпекулациите на медиумите во регионот, новиот менаџер на Северина е нејзиниот сопруг Игор Којиќ.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...