Богатството на Тутанкамон на изложба во Париз

156

Оригинални предмети од Тутанкамоновата гробница ќе бидат поставени на изложба во Париз по повод стогодишнината од откривањето на богатството на еден од најпознатите фараони.

Скапоценостите се враќаат во Париз по повеќе од 50 години откако друга слична изложба привлече 1,24 милиони посетители, што сè уште е рекорд во француската престолнина.

Изложбата „Тутанкамон: Богатството на златниот фараон“ ќе се одржи во парискиот Гранд хал де ла Виле од 23 март до 15 септември. Тоа е втората станица на меѓународната турнеја којашто опфаќа 10 градови.

Организаторите соопштија дека нешто над третина од вкупниот број артефакти го напуштаат Египет прв и последен пат пред префрлањето во новиот музеј кој се гради близу пирамидите во Гиза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...