Страотни снимки од Кина: Експлодираше хемиска фабрика и загинаа 47 лица ВИДЕО

822

При вчерашната експлозија во хемиска фабрика во источниот дел на Кина  загинаа 47 лица, а 640 лица се хоспитализирани, од кои 90 лица се во тешка здраствена состојба.

Локалните власти во Јангченг, во провинцијата Џангсу, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката „Тјанџаји хемикал продакшен“.

– Експлозијата доведе до евакуација на околу три илјади вработени во фабриката и околу илјада локални жители – се наведува во соопштението.

Во областа се затворени училиштата и градинките.

Националниот центар за сеизмологија на Кина соопшти дека во градот во кој се случи експлозијата, е регистриран земјотрес со интензитет од 2,2 степени по скалата на Рихтер.

Фабриката работи од 2007 година. Шестпати е казнувана поради загадување на воздухот и лошо управување со отпадот. Во нејзина близина има уште неколку хемиски фабрики.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...