Русковска: Абдулфета не го спаси Села, туку Тони ВИДЕО

3573

Обвинителката Вилма Русковска синоќа во студиото на ТВ21 се осврна на казната на Абдулфета Алими и откри дека Зијадин Села го спасил еден од демонстрантите, а не Алими.

– Абдулфета да си ја извршеше работата и задачата немаше да треба никого да спасува. Зијадин Села го има спасено еден од демонстрантите, кажа помогнете, го утепавте човекот, мртов е и го донесе во ресторанот на пратеници и дури тогаш доаѓа Алими и помага на Тони – вели обвинителката.

Рускоска додава дека од прозорот на кујната на бифето и по пожарните скали го качиле Села и така се спасил.

– Не е точно дека Абдулфета го спаси и ќе повторам, да си ја вршел работата немаше да треба никого да спасува. Тони бил и во Брзата помош и чекал додека траела операцијата, а кога го сместиле на Интензивна си заминал и рекол „од мене толку” – завршува Рускоска.

Рускоска зборува за казната на Абдулфета

Рускоска зборува за казната на Абдулфета

Posted by TV21 on Четврток, 21 март 2019

Инаку, за настаните во Собранието највисока казна доби Митко Чавков и тоа 18. години, а единствен ослободен беше Игор Дурловски.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт.

По донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

Инаку за денеска во 14 часот се закажани протести за Алими.  Според организаторите на протестот Алими е жртва на политички монтиран процес за 27 април.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...