Во кајакарски клуб во Долна Матка синоќа избувнал пожар при што е причинета материјална штета од околу 180 илјади денари.
Пожарот е пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 19.05 часот, а е интервенирано до 20.45 часот. На терен биле испратени пет пожарникари со две возила.