Триесетгодишен маж од Скопје, вчера во домот на улицата „Рељо Шесто Крило“, се обидел да ја удри мајка си со секира, информираат од полицијата.
Полицијата соопшти дека мажот бил спречен во намерата од страна на соседот.
Лицето по настанот е приведено во Полициската станица Чаир.