СДСМ: СЈО мора да работи како посебно обвинителство, правдата е проблем за ВМРО-ДПМНЕ

392

ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во матрицата на партизација, притисоци и злоупотреби врз обвинителството. Затоа правдата за нив е проблем, соопштуваат од СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Тони Менкиноски, претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку и да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство на откривање и расчистување на случаи поврзани со висока корупција, мора да продолжи со предистражните постапки и обвиненија коишто се покренати и по 18-те месеци по предавањето на материјалите.

Тоа го овозможува новиот Закон за јавно обвинителство и затоа предлог законот е најсоодветното решение коешто е доставено и истиот треба да се имплементира без одолговлекување, бидејќи е во интерес на правдата, граѓаните и државата.

Република Северна Македонија е правна држава кадешто судовите и обвинителствата работат слободно и независно, држава во која законите важат подеднакво за сите и секој кој направил каков било прекршок треба и мора да одговора, соопштија денеска од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...