Илјада административци од Секретаријатот за Рамковен ќе работат во јавниот сектор

1308

Вкупно 958 административни службеници вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор ќе бидат прераспределени во институциите на јавниот сектор.

Оваа информација ја разгледала Владата на денешната седница и воедно ги задолжила органите на државната управа и претпријатијата во државна сопственост, во најкраток можен рок да започнат постапки за преземање на вработените од овој Секретаријат, информира владината прес-служба. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...