Ставиле камери во хотелски телевизори, штекери и фенови за коса, четворица уапсени во Јужна Кореја

1457

Четири лица се уапсени поради тајно снимање на над 1.500 гости во 30 различни хотели во 10 градови во Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската полиција.

Видео-материјалот е прикажуван во живо на приватна интернет-страница, каде што членовите за пристап плаќаат месечна членарина.

Камерите биле скриени во телевизорите, штекерите и феновите за коса.

Во 2017 година се забележани над 6.400 случаи на незаконско снимање. Проблемот со овие „шпионски камери“ ја натера полицијата во Сеул, да формира специјален тим од инспекторки со задача – потрага по уредите за снимање во јавните објекти.

Лани десетици илјади Јужнокорејки протестираа под слоганот „Мојот живот не е твој порно филм”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...