Полицијата била повикана да асистира при денешното постапување на извршител кој барал Кираца Трајковска да се исели од станот.
„Денеска од 09.30 до 13.30 часот на улицата Петар Поп Арсов во Скопје од страна на МВР постапено е по барање за асистенција од извршител А.Б. за испразнување и предавање на недвижност.
Согласно член 7 од Законот за полиција, должни сме да постапиме со давање асистенција кога надлежниот орган ќе наиде на отпор или таков отпор оправдано се очекува“, соопшти полицијата.
Според нашите информации, иселувањето на Трајковска е одложено до 4 април годинава.