Српската опозициска Демократска партија (ДС) денеска ја осуди „секоја релативизација“ на пресудата во Хаг, со која, поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ е осуден на казна доживотен затвор за воени злосторства во БиХ и ја повика актуелната Влада и српскиот претседател Александар Вучиќ да „престанат со кампањата на претставување на воените злосторници како херои“.
ДС наведувајќи дека вчерашната пресуда „е важна за справување со минатото, утврдување на одговорноста и создавање на предуслови за градење на иднина без хипотеки од минатото“, партијата оценува дека со пресуда за Караџиќ се „утврдува индивидуалната одговорност и се докажува дека српскиот народ, не носи колективна вина за извршените злосторствата“.
– Пресудата обезбедува сатисфакција за жртвите и надеж на сите кои се борат за хумани идеали на слободата, мирот и разбирањето. Токму тука е нашата одговорност, на поединците и на партиите, на општеството како целина, и во периодот пред нас ги оневозможиме ревизионистички толкувања, националистичката реторика и насилството против они кои размислуваат поинаку – се посочува во соопштението на ДС.
ФОТО: МИА