Првиот железен мост ги спои Русија и Кина

221
ФОТО: МИА

Конструкцијата на првиот железнички мост кој ги поврзува Русија и Кина преку реката Амур е споена од обете страни и треба да биде пуштен во употреба во текот на годината.

Мостот во должина од 2,2 км го поврзува рускиот Далечен исток со најсеверната кинеска покраина Хејлонгѓанг, а целосно завршување на прекуграничниот мост, железничката пруга и автопат е предвидено за јули.

Изградбата на прекуграничниот мост официјално почна во 2016 година, по 28 години преговори меѓу двете земји. Според проектот, капацитетот на мостот ќе биде околу 21 милиони тони годишно.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...