Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) денеска ги поднесовме документите за учеството на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори. Со поднесувањето на документите веќе и официјално ГДУ влегува во трката за градоначалничкото место во Охрид.
– Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно, соопшти ГДУ.