Петиција против Брегзит го урна сајтот на британскиот Парламент

150
ФОТО: EPA / NEIL HALL

Над половина милион потписи се ставени на онлајн петицијата со која се бара премиерката Тереза Меј да го откаже Брегзит со повлекување на Член 50, а поради високото ниво на интернет сообраќај утрово беше урнат сајтот на британскиот Парламент.

Петицијата се случува во момент кога Меј замина во Брисел за да побара одложување на датумот за Брегзит, јави Би-Би-Си.

Министерот за надворешни работи Џереми Хант изјави дека откажувањето на Член 50 е можно, но „многу неверојатно“.

Петицијата брзо го помина прагот од 100.000 потписи, што значи дека ќе биде разгледуван за дебата во Парламентот. Во моментов има повеќе од 700.000 потписи.

Маргарет Ен Георгиаду, која ја започна петицијата, изјави за Би-Би-Си: Станав како секој друг кој е за останување во ЕУ – многу фрустрирана што толку долго бевме замолчувани и игнорирани.

ФОТО: EPA / NEIL HALL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...