Тензично е пред албанскиот Парламент во кој се одржува пленарана седница, а пред него илјадници граѓани повторно излегоа на протест организран од обединетата албанска опозиција.
Демонстрантите се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон врз кого фрлаат димни бомби и тврди предмети, извикувајќи „Рама оди си“, „Парламент на криминалци“… Полицијата повика на воздржаност но веќе се пристигнати возила подготвени да го разбијат насобраниот народ со водени топови.
Конфронтација со полицијата претходно имаа и жителите од населбата „Астир“, кои повеќе од 100 дена протестираат бидејќи нивните домови треба да се урнат поради изградба на големата обиколница во Тирана.
Во Парламентот заклетва дадоа уште тројца пратеници од Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), кои ги заменуваат оние кои се откажаа од мандатите. При влегувањето во Парламентот пратеникот Ралф Ѓони од ЛСИ, беше испрскан со боја.
На протестот учествува поранешнот премиер и претседател на Албанија и почесен претседател на Демократската партја, Сали Бериша. Актуелниот лидер на ДП, Љуљзим Баша е во Брисел.
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA