На крајот на учебната 2017/2018 година бројот на учениците во редовните основни училишта бил 188.517, што е намалување за 0,9 проценти во однос на претходната учебна година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во редовните средни училишта на крајот на 2017/2018 година имало 70.861 ученик, односно намалување за 2,2 отсто во однос на учебната 2016/2017 година.
ДЗС објави податоци за бројот на ученици што завршиле основно и средно училиште според јазикот на кој се изведува наставата, за успехот на учениците во редовните основни училишта, како и за бројот на ученици во специјалните и верските училишта.