Осудени 18 адвокати обвинети за тероризам во Турција

153

Суд во Турција осуди 18 адвокати под обвиненија за тероризам и им одреди повеќе годишни затворски казни.

Претседателот на веќе затворената Асоцијација на прогресивни адвокати, Селчук Козагачлу е осуден на 11 години и три месеци затвор. Тој бил уапсен во 2017 година поради раководење и членство во терористичка организација.

Асоцијација на прогресивни адвокати била организација за борба против тортурата, која ги штитела правата на уапсените. Затворена е во ноември 2016 година со указ од Владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за време на кампањата, по што следел обидот за преврат во јули истата година.

Уште 17 адвокати вчера одделно беа осудени на затворски казни во траење меѓу три години и еден месец и 18 години и три месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...