Бен Стилер моли за сириските бегалци: Не ги сметајте за демони, отворете ги вратите!

Актерот, режисер, комичар и активист Бен Стилер, назначен за амбасадор на добра волја на УНХЦР минатата година, го посети Либан на почетокот од март за да  запознае некои од бегалците.

144

Обединетите нации – Со оглед на тоа што војната во Сирија влегува во својата деветта година, борбите се намалуваат, но за 5,6 милиони бегалци кои избегаа од бруталниот конфликт, иднината сè уште е нејасна. Дали ќе можат да си одат дома? Ако не можат, каде можат да одат?

Актерот, режисер, комичар и активист Бен Стилер, назначен за амбасадор на добра волја на УНХЦР минатата година, го посети Либан на почетокот од март за да  запознае некои од бегалците. Во големото интервју во штабот на Обединетите нации, тој изјави за „КБС Њуз“ дека ги запознал луѓето „кои живеат во неизвесност“, и побара од САД да земат повеќе раселени лица и да не ги сметаат како „некаков вид непријател“.

„Предизвикот е само да се преживее“

Мандатот на Стилер како амбасадор на добра волја е да го искористи својот висок профил за да ја осветли кризата и да му дозволи на светот да знае како да помогне.

Во неформалната населба на бегалци во северен Либан, Стилер за „КБС Њуз“ изјави дека се сретнал со сириската мајка Ханади и нејзините три деца, Хасан, Мајед и Абед, кои се наоѓаат на возраст од две до четири години. Тие избегале од својот дом во северниот сириски град Хомс поради безбедност во 2016 година.

„Очигледно се борат“, рекол Стилер. Ханади самостојно ги одгледува децата откако нејзиниот сопруг се вратил во Сирија, но потоа исчезнал. „Тоа е многу тешка ситуација.“
„Многу од овие луѓе, не знаат дали е безбедно да се враќаат или не. Тие самите мора да ја донесат таа одлука. Во меѓувреме, тие живеат во оваа неизвесност, во овој случај во Либан“, вели тој.

За да бидат работите уште полоши, постојат ограничувања за бегалците кои, всушност, работат, повеќето од нив се против законот… Предизвикот е само за да преживее.“

Во либанската долина Бека, Стилер запознал уште едно семејство бегалци, меѓу кои и осумгодишните близнаци Јазан и Разан. Јазан продава зеленчук од количка покрај патот. Неговите родители избегале од гранатирањето во Дамаск, среде ноќ, кога тој имал само четири месеци.

„Ова е најслаткото, најсреќното дете”, вели Стилер. „Таа невиност е сè уште таму, и тој го поддржува своето семејство. Но, колку долго тоа може да трае? Реалноста е дека има психолошки импликации со траума што ќе траат долго време… Тешко е да се видат деца во таа ситуација, каде што знаете дека нивната невиност ќе исчезне.“

Како и повеќето деца во кампот, Јазан не оди во училиште, вели Стилер. Тие често мора да се движат, а зимите во долината Бека се сурови. Пред војната, таткото на Јазан бил таксист кој го издржувал семејството, но времињата станале толку страшни, тој почнал дури да размислува да го продаде својот бубрег во еден момент.

„Овие приказни го распарчуваат срцето”, вели актерот. „И тогаш ќе заминете, и тешко е да се прифати дека тие луѓе сѐ уште живеат во такви услови додека ние зборуваме за тоа. Што можете да направите за тоа? Нема ништо што можете да направите за тоа, освен да помогнете да се промени, и да се обидете да го решите проблемот.“

Не е безбедно да си одат дома

Стилер изјави дека се обидува да го инјектира својот препознатлив хумор во тешката ситуација.

„Знаете, децата ве тераат да се смеете, бидејќи децата само сакаат да се забавуваат и да си играат“, додека тој се обидува да „најде нешто заедничко со родителите, бидејќи сите ние сме родители“.

„Смеењето е човечка работа, и тоа е одличен начин за поврзување. Ова е многу позитивна работа.“
Тоа е, меѓутоа, краткорочно олеснување, а додека агенциите на ОН, вклучувајќи ги УНХЦР и Светската програма за храна, обезбедуваат помош, образование, засолниште и социјални услуги, Стилер вели дека „тоа никогаш не е доволно“.

Минатата година 56.000 бегалци се вратија во Сирија – само околу 1 отсто од вкупниот број – а само 6 отсто од бегалците анкетирани од Обединетите нации во декември велат дека ќе бидат подготвени да се вратат во наредните 12 месеци. Повеќето од нив, 75 отсто, рекоа дека се надеваат дека ќе се вратат „еден ден“.
Но, францускиот амбасадор на САД, Франсоа Делатре, изјави за „КБС Њуз“ дека „условите што ги определи ОН за да се овозможи безбедно, доброволно и достоинствено враќање на сириските бегалци сè уште не се исполнети”.

Тој вели дека бегалците немаат безбедносни гаранции ако се обидат да си отидат дома. Тие ризикуваат арбитрарен притвор, присилна регрутација, па дури и тортура. Дури и ако го вратат назад, тие би можеле да наидат на тоа дека нивниот имот е конфискуван од страна на сирискиот режим.

Стилер вели дека е важно другите земји да ги отворат своите врати и да не ги омаловажуваат раселените лица.

„Не треба да се плашиме од нив. Тие се човечки суштества како тебе или јас“, продолжува Стилер. „Ние сме земја која била изградена врз бегалци и имигранти. Тие не треба да бидат демонизирани. Не треба да се сметаат како непријател.“

– Тоа е причината зошто јас зборувам за тоа. Реалноста е дека овие луѓе не страдаат од нивна сопствена вина. Тоа се невини жртви на војна и конфликт – вели актерот, додавајќи дека „земјите како Америка и земјите од целиот свет светот треба да придонесат за напорите милиони раселени Сиријци да се вратат во нивните домови или да се населат во нови“.

„Бегалците се додаток на општеството, тие ни помагаат, тие секогаш придонесувале за економијата и треба да бидат поздравени како што секогаш им пружавме добредојде на бегалците во нашата земја“, вели актерот. „Се надевам дека нашите бројки за преселување ќе се вратат на она што биле во минатото, бидејќи тоа е важна работа.“

ФОТО: UNHCR/MICHAEL MULLER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...