Со новиот Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата Министерството за труд и социјала воведува надоместок и за жените коишто имаат обострана ампутација на дојка.
Од таму велат дека досега право на надоместок имале само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка. Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка.
– Во новиот Правилник којшто веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот, велат од Министерството.
Линк до правилникот:
http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/2019pravilnici/Pravilnik_lista_telesni_ostetuvanja.pdf