Обвинителството го повика претседателот на Судскиот совет Караџовски на распит

687

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, за денеска е повикан на распит во обвинителството во врска со случајот со распределбата на додатоците на плати на членовите на Советот.

Тој е повикан како сведок. Од другите членови на советот, за денеска не е повикан никого.

Во декември минатата година Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите на медиумите за додатоците.

Со донесените одлуки за членовите на Судскиот совет се определи да се исплатат додатоци во висина од 35 отсто од основната плата.

Кривична против Караџовски, тогаш поднесе и Синдикатот на УПОЗ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...