Маж од Кина е уапсен откако ја продал ќерката на интернет за 7.800 евра за да ги исплати коцкарските долгови.
Во ноември, тој и рекол на сопругата дека ја носи ќерката ќе остане кај баба и, во град оддалечен 140 километри од нивната куќа.
Мајката почнала да се сомнева откако не ја слушнала ќерка си речиси три месеци. Нејзиниот сопруг и давал различни изговори за одложувањето на нејзиното враќање.
Таткото признал дека бил должен голема сума на пари и оти се одлучил на таков чекор откако видел на Интернет објава за посвојување на деца.
Тој ги лажел и луѓето кои го купиле девојчето, велејќи им дека се разведил од сопругата, не може да се грижи за ќерката, а неговите родители се мртви.
Девојчето е најдено и вратено кај својата мајка.
ФОТО: Принтскрин / Твитер