Полна Месечина вечерва, без гајле – не влијае на криминалот!

579

Полна Месечина вечерва, или super Moon и тоа токму на првиот ден од пролетта. Ако сакате да ѝ го видите вистинскиот сјај, само излезете на тераса…

И покрај митот дека може фатално да влијае врз чувствата и однесувањето на луѓето, резултатите од досегашните научни истражувања велат дека додека е полна месечина, не  се зголемува бројот на убиства, самоубиства, сообраќајни несреќи.

На оние кои се придржуваат до „месечевата диета“, која забранува внес на храна од првиот час до последната лунарна фаза, им остана уште малку време да си ја допијат водата и секако – да се измерат колку ослабнале.

Оваа диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза.

Во астролошкиот лексикон, лицата родени во знакот на Рак се нарекуваат деца на месечината, бидејќи се пречувствителни, па кога е полна месечина, тие ќе се смејат или ќе плачат.

Месечината има големо влијание и на лицата родени во знакот на Риби, но и на Вагите.

Најмало влијание полната месечина има на оние родени во знакот на Јарец, Овен и  Бик, сметаат астролозите.

Некои забележале дека не можат добро да спијат на полна месечина, но се надеваме дека тоа нема да биде случај и со вас вечерва.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...