Во Струмица чистка на плацот од запленети возила од дрвокрадци

1238

Плацот на Шумското стопанство „Беласица“ во Струмица, на кој има запленети над илјада возила и приколки од дрвокрадци, ќе почне да се чисти по завршувањето на претседателските избори.

Ова е одлучено на средбата на која покрај претставници на струмичкото Шумско стопанство присуствувал и директорот на Агенцијата за одземен имот, Фатон Асани, претставник на Основиот суд во Струмица и на СВР-Струмица.

На средбата е заклучено да почне постапката за спојување на одеземените возила и предмети за кои има правосилни судски одлуки и тие да се понудат на продажба.

Чистењето на плацевите кои се полни со запленети возила од дрвокрадци, кои таму се складирани и повеќе од десет години, ќе почне од Струмица, а ќе продолжи и во другите складишта на ЈП „Македонски шуми“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...