Девојката на возраст од 19-години, која беше во автобусот од несреќата кај Ласкарци, денеска починала.
Станува збор за девојката чија нога беше ампутирана.
Раководителката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), д-р Маја Мојсова, попладнево изјави:
– Тешки телесни повреди имаше девојчето. Четириесет дена борба водевме за нејзиниот живот. Имаше многу повредени системи, нагмечувања…Се боревме за нејзиниот живот, за жал, не ја добивме битката – рече д-р Мојсова, изразувајќи сочувство до семејството на девојката.
Починатата девојка е 16-та жртва во несреќата кај Ласкарци.