Бебе исфрлено од данскиот Парламент

195

Данската пратеничка Мете Абилгор се пожали дека ѝ било кажано веќе да не го носи своето бебе во Пленарната сала на данското Собрание.

Како што пренесува Би-Би-Си, таа дошла на работа со петмесечната ќерка, бидејќи таткото на бебето бил зафатен и не можел да се грижи за неа.

– Пленарната сала е за пратеници, а не за бебиња и деца – изјави шефицата на Собранието, Пиа Керсгор која побарала мајката да биде исфрлена.

Подоцна беше објаснето дека Керсгор само ги следела правилата и прописите на Парламентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...