Украинка наводно го пресекла грлото на своето девојче старо три недели во налет на бес и љубомора.
Според полицајскиот извештај, мајката, на возраст од 21 година, го извршила злосторството кога нејзиниот 26-годишен сопруг излегол од станот.
Мајката на таткото, Мариа Момот изјавила дека нејзината снаа била љубоморна на бебето бидејќи мислела дека нејзиниот маж повеќе го сака него.
– Тој излегол на неколку минути, а таа го грабнала кујнскиот нож и му го пресекла вратот на детето. Не можам да верувам дека ова му се случи на нашето семејство – додала Момот.
Според службите кои биле на лице место, жената го прашала сопругот зошто плаче.
Осомничената не можела да објасни зошто го извршила убиството, а не можела ни да се сети што правела во текот на денот.
Таа била болна и тоа влијаело на нејзиното ментално здравје. Била и во психијатриска установа, од каде ја пуштиле по породувањето, сметајќи дека е здрава.
На мајката и се закануваат до 15 години затвор.
ФОТО: Профимедиа