Тричковски во ЦО на ВМРО-ДПМНЕ!

Ако докторите потврдат дека Тричковски е луд, тој дефинитивно ќе може да и се приклучи на екипата на вмроните. Право на настап ќе има на првите наредни избори, пишува авторот на Фејсбук.

5249

Менаџерот Мино Рајола го договори трансферот на Тричковски во екипта на ЦО на ВМРО-ДПМНЕ. Вредноста на операцијата е тајна, но се зборува дека познатиот центарфор ќе има 100.000 евра неделна плата, плус бонуси.

Екипата на Мицковски, како што е познато, се бори за опстанок во првата партиско-политичка лига и мораше да ги засили своите редови со добар напаѓач. Остануваат уште медицинските прегледи.

Ако докторите потврдат дека Тричковски е луд, тој дефинитивно ќе може да и се приклучи на екипата на вмроните. Право на настап ќе има на првите наредни избори.

 

(статус на Фејсбук на Бранко Тричковски)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...