До 31 декември годинава продолжува рокот за бесплатно чипирање на домашните миленици, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов на прес-конференција во Владата.
За кампањата за идентификација и регистрација на милениците која требаше да трае до 31 март, се набавени вкупно 100.000 микро чипови, но досега во системот се регистрирани само 49.000 миленици.
– Од 1 април аплицирањето на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошите 120 денари. Чипот е донација од АХВ – истакна директорот.
Атанасов дополни и дека од 1 април инспекциските служби ќе почнат со изрекување казни ако затекнат нечипирани миленици, 100 до 150 евра за физички и 1.000 евра за правни лица.