Најмалку 350 лица загинаа, стотици се водат како исчезнати, а илјадници се загрозени поради поплавите во Мозамбик, Зимбабве и Малави предизвикани од налетот на циклонот „Идаи“.
Спасувачките екипи се обидуваат да ги спасат луѓето кои се качиле на покривите од куќите или на дрвја, чекајќи помош.
Во Мозамбик поради големите поплави се создал „океан на копно“, загрозувајќи десетици илјади семејства.
– Ова е најлоша хуманитарна криза во Мозамбик во поблиската историја – изјави шефот на спасувачката операција на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Џејми Лесер.
Претседателот на Мозамбик, Филипе Њуси истакна дека повеќе од 200 лица загинале во неговата држава, а најмалку 400.000 луѓе останале без своите домови.
Во Зимбабве, во источните планински области на границата со Мозамбик, граѓаните се борат со последиците од природната катастрофа. Според последните податоци, во Зимбабве загинаа 98 лица, но се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми.
Властите во Малави досега потврдија дека загинале 56 луѓе, 577 се повредени, а три лица се водат како исчезнати.
ОН издвоија 20 милиони долари помош за овие три држави.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб