Бошњаковски: Возилата од Земјоделие се неупотребени и затоа одат за Итна помош

202
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Дополнителни осум возила што ќе бидат земени од Министерството за земјоделство не биле употребувани и сега ќе се ставаат во функција за потребите на Првата помош, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

-Министерството за здравство набавува 12 нови амбулантни возила. Овие осум постоеле во МЗШВ и биле речиси неупотребени. Идејата сега е целисходно да се искористат. Да им се најде употребна вредност – рече портпаролот.

Тој додаде дека „мерцедесот“ е сѐ уште дел од судската постапка поради што Владата не го користи.

– Мерцедесот е симбол на едно расипништво. Оваа Влада се откажа од него. Премиерот никогаш не го користи тој  мерцедес. Мерцедесот е дел од судска постапка и се додека постапката е активна, мерцедесот ќе остане таму каде што е, во дел од таа судска постапка на СЈО. Во истиот момент кога ќе заврши, кога ќе биде овозможено негово менаџирање во иднина, ќе видиме што ќе се случи. Но, Владата набавува нови возила за Службата на прва помош -рече Бошњаковски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...