Владата бара предлогот за СЈО да се донесе без одолговлекување

85

ВМРО-ДПМНЕ до утре треба да ги достави предлозите во врска со законот за Специјалното јавно обвинителство, а задутре, в петок, е закажана нова средба на која ќе се разговара за разликите по ова прашање меѓу Владата и опозицијата.

Како што потврди денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, постојат серизони разлики меѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ, кое бара СЈО да биде посебно одделение.

– Дефинитивно за нас како Влада предлог-законот е најсоодветно решение и сметаме дека треба да се имплементира без одоговлекување – нагласи Бошњаковски.

Тој потврди и дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја посети земјава но, како што рече, датумот на посетата сеуште не е дефиниран.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со промената на имињата на институциите, Бошњаковски потенцира дека кратенката на МАНУ и натаму останува, а за нејзиното целосно име ќе треба да се произнесат академиците. За АРМ, пак, ќе се следат духот и принципите на Преспанскиот договор.

– Најверојатно во наредниот период ќе биде прецизно кажано. Во моментов јас немам информации – рече портпаролот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...