Папата ќе одржи молитва на стадионот во Скопје, се очекуваат до 50.000 луѓе

556
Photo: EPA-EFE / GIUSEPPE LAMI

Папата Франциско н 7 мај доаѓа во Скопје, а на молитвата што тој ќе ја одржи се очекуваат голем број на луѓе.

Директорот на спомен куќата на Мајка Тереза, Ариан Аслани, изјави дека молитвата ќе се одржи на стадионот во Скопје и се очекуваат од 40-50 илјади луѓе, пренесува ТВ21.

Папата ќе ја посети и спомен куќата и католичката црква во Скопје.

По официјалниот пречек, тој ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор. Средбите ќе бидат во претседателската палата на Водно.

Photo: EPA-EFE / GIUSEPPE LAMI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...