Оставката на осудениот кардинал Барбарин не е прифатена од папата

119
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Повикувајќи се на пресумцијата на невиност, папата Франциско не ја прифати оставката на францускиот кардинал  Филип Барбарин, кој е осуден на шест месеци условна казна поради прикривање сексуално злоставување извршено од друг свештеник.

На 7 март тој беше условно осуден поради тоа што не ги пријавил обвиненијата дека еден свештеник од неговата бискупија злоставувал момчиња. Кардиналот во понеделникот бил на аудиенција кај папата за да му ја предаде оставката.

„Во понеделникот изутрина ја ставив својата мисија во рацете на Светиот отец. Повикувајќи се на пресумцијата на невиност, тој не сакаше да ја прифати оставката“, се наведува во соопштението на кардиналот.

Ватикан потврди дека засега не ја прифаќа оставката и оти ќе чека на одлука по жалбената постапка.

Барбарин (68) останува надбискуп на Лион, но сепак, на сугестија на папата, ќе се повлече одреден период од должност и бискупијата ќе ја препушти на генералниот викар.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...